Свештеници проневериле 3 милиони евра од црквата – инвестирани во ноќни клубови во Грција

t

Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, а воедно поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки и имотот на сопствениците на ноќни клубови на Пелопонез поради сомневање дека добивале пари од два високи – рангирани свештеници на Католичката црква на Грција.

Управата при ревизијата утврдила дека од католичката црква во ноќни клубови се инвестирани големи суми на пари, кои достигнуваат околу 3 милиони евра. Оваа тактика започна пред осум години.

Од одредени сметки што ги воделе двајца свештеници, биле исплатени големи суми и завршувале на сметките на одредени сопственици на ноќни клубови, што автоматски значело дека тие „вложуваат“ во тој бизнис.

Банките ги идентификуваа овие трансакции како „сомнително движење на пари“, поради што е започната детална проверка за мапирање на позадината и идентификување на реалниот број на лица инволвирани во случајот.

Во текот на истрагата се појавија индиции за сторени тешки кривични дела како проневера и перење пари.

На крајот Управата утврдила дека сумата од 3 милиони евра била проневерена од средствата на Католичката црква, а оттогаш е откриен идентитетот на двајцата свештеници и бизнисменот на ноќните клубови.

Последната трансакција е откриена пред неколку дена и се однесува на сума од 50.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свештеници проневериле 3 милиони евра од црквата…

Претседателот на грчката управа за спречување перење…

ИРАН СЕ СПРЕМА ЗА НАЈАВЕНИОТ НАПАД ОД…

Иран ѝ нареди на својата војска да…

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува…

На тронот на Европа: Ова е најпродаваниот…

Првото место го зазеде "Tesla Model Y",…

Војната на Путин создава опасен сојуз против…

Илјадници севернокорејски војници, за кои американското разузнавање…