Свлечишта, одрони и излеани реки на повеќе локации низ Македонија
Вонредна информација за состојбата по обилните врнежи до 12:30 часот
Штип
Како резултат на претходните врнежи од дожд зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите.
Во Скопкскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзана со обилните врнежи од дожд.
Охрид
До 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти во регионов. Моментално дождот е престанат. Надлежните од Кризниот штаб Охрид беа на терен ги проверија критичните точки на реката Далјан кај село Орман и Дебелополе.
Има излевање на реката Сушица во делот на ул. Прилепска, испратена е екипа од ЈП Нискоградба со механизација да го запрат излевањето.
-Ако продолжат врнежите има опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и село Вапила.
-Во Струга има пријава за поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат. Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има канали за излевање на водите од Струшкото поле. Известени се надлежните служби од Општина Струга, ТППЕ-Струга, РЦУК-Струга и ДЗС-Струга.
Екипа на ТППЕ-Струга се на терен и со пумпи за испумпување на поплавените дворови.
-На патот Дебар -Струга има одрони, известени се службите на Македонија Пат -Дебар кои се на терен и го одржуваат патот.
Велес
На подрачјето на Велешкиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзана со врнежите од дожд и снег.
Битола
Градското подрачје е нормализирано и е без проблеми.
Во с. Кравари – има заезерени земјоделски површини околу 10-20 Ха. Нема опасност по куќите и индустриските објекти.
Во с. Жабени и с. Породин – има поплавени земјоделски површини од околу 70-80 ха.
Излеана е Елешка Река и има поплавено околу 50 ха земјоделски површини.
Водата во Елешка Река се повлекува во коритото.
Патот за Буковски манастир е разорно раскопан. ЈП,,Нискоградба“ интервенира со 1 липкер и скип – градежна машина.
– Интервенција на ЈП,,Нискоградба“ на патот од с.Буково кон с.Горно Ореово, каде што има свлечиште.
Поради оштетување на мост од Боишка река на локален пат за с.Мренога, истиот е затворен за сообраќај.
Заради поројнитете врнежи во изминатите денови дојде до поматување на водата за пиење и се препорачува истата да се преврива најмалку 10 минути.
– Нивото на Река Црна кај с.Бучин, моментално е покачено, но стабилно и без опасност за излевање. За да не дојде до излевање, ЈП,,Комуна“ ги појача и поткрена насипите кај критичните точки.
– Во текот на следната недела ЕЛС Крушево ќе формира комисија за пријавување на штети како последица од поројните врнежи од дожд.
– ЕЛС Долнени до сега има пријавено штета од 1 жител на село Лажани на кого му бил поплавен дворот и приземни простории од куќата, и имал оштетувања и на тутунот. Покрај во село Лажани поплавувања имало и во село Пешталево, и на двете места заради неисчистени канали. Интервенирано е со градежна машина во двете села на расчистување на каналите.
– Како последица на обилните врнежи од дожд во изминатите денови, поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
– Нивото на Голема Река од вчерашните 1.40 м е зголемено на 1.65 м.
– Од ЈП и ЕЛС Ресен, ангажирани се сите градежни машини и пумпи за црпење на вода од дворовите и поплавените подрумски простории.
Струмица
На територијата на Струмица засега нема пријави за направени штети од врнежите од дожд. Во моментот врнежите се со послаб интензитет и засега нема опасност од излевање на реките. Исто така засега нема пријави за одрони и непроодни патишта.
Куманово
На територија на Општина Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане нема нарушување на редовната состојба од врнежите од дожд и нема излевање на реките. На подрачјето на Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема нарушување на редовната состојба, сите патни правци се проодни по влажни коловози.
Тетово
До 12.00 часот во северозападниот регион што ги опфаќа Тетово и Гостивар нема пријава за штети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свлечишта, одрони и излеани реки на повеќе…
Вонредна информација за состојбата по обилните врнежи…
Одрони и поплави: ЦУК со најнова состојба…
Информација за состојбата со обилните врнежи од…
Најкритично е во Охрид и Кичево: ЦУК…
Во Штипско–Кочанскиот регион, поради обилните врнежи е…
Прекин на сообраќајот на овие патни правци…
Одрон од карпа на патот Скопје-Велес, во…
Обилните врнежи предизвикаа хаос: Најкритични се поплавите…
Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави и…