СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис, за два месеци направи пат за кој велеше дека е до никаде

t

Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. Вака опозицискиот СДСМ реагира на вчерашната објава на министерот за транспорт Александар Николоски во која тој информира оти патот Градско-Дреново е речиси готов и дека до Нова година ќе може да се пушти во употреба. Во изборната кампања од пред неколку месеци, пак, додаваат од СДСМ, Николоски жестоко критикуваше дека патот е до никаде.

„Кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат, а министерот Бочварски и противкандидатот на Николоски, претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од разрушени карпи како доказ дека СДСМ лаже. Сега Николоски, со практично идентични снимки од СДСМ се фали дека го завршил патот. Лицемерието на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ и потребата да се фалат со проекти на СДСМ наликува на сцена од комедија“пишуваат од СДСМ во писменото соопштение.

Од опозициската партија оценија оти патот Градско-Дреново е целосно резултат на работата на СДСМ, а оти актуелниот министер за транспорт може единствено да се фотографира кога патот ќе биде пуштен во употреба.

На 4 мај годинава, кога во тек беше изборната кампања за парламентарните избори, тогашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски и тогашниот носител на пратеничката листа на СДСМ во изборната единица 4, Венко Филипче, на социјалните мрежи објавија видео на кое со автомобил се возат по патот Градско-Прилеп, првата делница од Градско до Дреново. Информираа дека работите на терен се завршени 90 отсто.

На ова тогаш реагираше тогашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен министер за транспорт Александар Николоски, оценувајќи дека власта лаже оти патот Градско-Прилеп е готов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис,…

Александар Николоски е уште еден политичар кој…

Американски војник и продал на Кина тајни…

Американски воен аналитичар се изјасни за виновен…

Германија издаде потерницаг: Украинскиот нуркач Володимир З.…

Германските власти го идентификуваа осомничениот за диверзијата…

Конфликт во израелското раководство: Галант рече дека…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот го…

(Фото) Сиљановска Давкова го предаде државното знаме…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими…