СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија за болните од рак на бели дробови на Онкологија

t

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагира на состојбите во здравствениот сектор во земјава, конкретно на Клиниката за онкологија, откако викендов 64-годишна жена која се лекува од рак на белите дробови излезе со наводи дека на Клиниката нема терапија за оваа тешка болест.

Ставот на социјадемократите го соопшти Елена Радеска од комисијата за здравство на СДСМ, која за состојбата во здравството, што ја оцени како катастрофална и нечовечна, ја обвини владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

„Додека министрите заедно со уште по мининимум 5 до 10 луѓе од кабинетите патуваат на скапи службени патувања, пациенти со рак умираат во неизвесност, без основна хемотерапија, без лек. На Клиниката за онкологија нема лекови за пациентите со рак на бели дробови – ниту класична хемотерапија, ниту неопходната биолошка терапија како што е лекот ‘ерлотиниб’ (erlotinib), која е недостапна на клиниката од средината на мај. Скоро месец и половина“, рече Радеска.

Според неа, во случајов не станува збор за бирократски попуст, туку за загрозување на човечки животи додека надлежните се замимаваат со други теми.

„Министерот нема поим што се случува, ‘мисли’ дека лековите се пристигнати, и продолжува да се занимава со криминалниот проект на неговиот претходник за тендерот за паркинг места. Додека пак директорот на Универзитетската клиника за радио терапија и онкологија радиотерапија признаваат дека ‘понекогаш недостигаат лекови’ но не преземаат ништо. Лековите ги нема, а пациентите страдаат. Тоа е вистинат“, рече таа.

Радеска во таа насока постави и неколку прашања, односно како може во 2025 година и покрај сите ветувањата на актуелната власта онколошките пациенти да бидат оставени без терапија, и како е можно е лекот „ерлотиниб“ кој е на листата на основни лекови на Светската здравствена организација (СЗО) да не е достапен кога земјава како држава членка на Обединетите нации е потписничка на здравствени повелби.

Таа праша и зошто нема итен план за набавка на лековите од кои зависат животите на пацинетите кои се лекуваат од оваа тешка болест.

Говорејќи во име на опозициската партија, Радеска рече оти бараат и очекуваат Владата, директорот на Фондот за здравство и новиот министер за здравство уште во текот на денешниот ден да обезбедат хемотерапија, а Министерството за здравство јавно да соопшти каде е проблемот и кој ќе сноси одговорност за, како што кажа, оваа хумана катастрофа.

„Бараме гаранции за непрекинат третман за сите пациенти со рак. И конечно одговорност, и тоа онаа иста одговорност на премиерот што нема да поштеди никого. А што ние до сега не ја ни видовме. Здравството не е трошок. Тоа е обврска! Животот нема алтернатива! Затоа, не прифаќаме молк! Не прифаќаме празни ветувања! Одговорност мора да има!“,
рече Радеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија…

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска…

Кумановец украл над 550 таблети и телефони…

Триесет и седумгодишен кумановец се сомничи дека…

Тадиќ: Поголема кукавица од Вучиќ немало на…

Претседателот на Социјалдемократската партија и поранешен претседател…

Трамп се закани дека ќе прекине финансирањето…

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…

До каде е со корегирањето? Човекот кој…

„Максим Димитриевски за една година си ги…