СДСМ: Владата лаже, се согласила да не го распушта Судскиот совет и Советот на обвинители

t

Владата на Мицкоски е фатена во нова лага. Додека јавно вели дека „не се откажува од распуштањето на Судскиот и Обвинителскиот совет” во официјален документ, потврден од Владата на Мицкоски, се согласила да се менуваат “само членовите на Судскиот совет на кои им е истечен мандатот”.

Документот е дел од преземените обврски од реформската агенда за Планот за проширување и медиумите веќе ги објавија овие делови со кои се согласила Владата на Мицкоски.

По кој пат Мицкоски дома кажува едно, а надвор прави друго? Или пак е решен да не планира да го спроведува Договорот со Европската комисија и да се откаже од реформите?

А реформите во правосудството се можни само со спроведување на 40-те препораки од оценската мисија на ЕУ, со поддржка и мониторинг од меѓународната заедница.

Освен секојдневните скандали и афери, недоследноста стана одлика на Владата на Мицкоски. Едно се кажува во јавноста, друго далеку од очите на граѓаните, трето се прави, се менуваат ставови преку ноќ и се лаже на големо. Тоа е скандалозно само по себе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Владата лаже, се согласила да не…

Владата на Мицкоски е фатена во нова…

ДУИ: Путинистот Стоилковиќ од моноетничката влада го…

„Демократската унија за интеграција смета дека е…

Од денеска вистински ПЕКОЛ! Владата донесе препораки,…

Поради најавениот интензитет и траење на топлониот…

ИД презеде одговорност за смртоносниот напад во…

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад…

Планираниот напад на концертот на Свифт бил…

Aдвокатка на главниот осомничен за планирањето на…