СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови
Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови
ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле.
Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата.
За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат.
Државата е на колена – економски, финансиски и социјално, и за жал, овој тренд ќе продолжи.
Освен партиски прес-конференции со напади врз СДСМ, не можат да испорачаат ништо друго.
Затоа никогаш повеќе нема да можат да се надеваат на поддршката со која дојдоа на власт – таа ќе продолжи да паѓа.
СДСМ останува најсилната опозициска партија, и покрај сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, ЗНАМ, да го негираат тоа.
Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна.
По изборите следи јасен патоказ напред за СДСМ: потребни се промени на политичко и кадровско ниво кои ќе донесат раст и зајакнување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал…
Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија…
Макрадули: СДСМ не смее да се бори…
Поранешниот функционер од редовите на СДСМ, Јани…
Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
Ѓорѓиевски: Да му се заблагодарам прво на…
Откако ќе го земам уверението ви ветувам…
Забава со ди-џеј и пенливо вино пред…
Пред штабот на Горан Герасимовски на Боемска…