СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се закопа во сопствените лаги, СДСМ гласаше за забрана за увоз на отпад и тоа го објави Шукова

t

Реакција на СДСМ по тврдењата на ВМРО – ДПМНЕ, дека Каја Шукова гласала за Закон за увоз на отпад.

ВМРО-ДПМНЕ се закопа во сопствените лаги. Или можеби толку знаат?

Не е точно дека СДСМ и Шукова гласале за Закон за увоз на отпад туку сосема спротивно СДСМ гласаше за Законот ЗА ЗАБРАНА за увоз на отпад кој се користи како енергенс.

Овој став на СДСМ уште во 2020 година јасно го соопшти Каја Шукова, тогаш претседателка на Комисијата за животна средина а денеска потпретседателка и кандидатка за градоначалничка на град Скопје.

Тоа е и јавно објавено и достапно за граѓаните (СДСМ го поддржува предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, управувањето со отпадот е наш приоритет – СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија)

Значи, сосема спротивно од тоа што тврди ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ е партијата што ги внесе и поддржа законските решенија за забрана за увоз на отпад.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да зборува за заштита на животната средина, кога токму во нивното владеење во Македонија се увезуваа над 100.000 тони опасен отпад. Со СДСМ таа бројка беше намалена на само 2.600 тони, а започна и расчистувањето на ОХИС и други опасни депонии.

Граѓаните јасно знаат дека СДСМ ги носеше вистинските мерки за заштита на животната средина Шукова беше предводник на тие политики. Каја Шукова секогаш била на страна на граѓаните, така е денеска и така ќе биде и во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се закопа во сопствените лаги,…

Реакција на СДСМ по тврдењата на ВМРО…

Песков: Средба со Зеленски не е на…

Приоритетите за кои говореше портпаролот на Кремљ,…

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници…

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор…

ЦУК: Дванесет пожари на отворен простор, четири…

Денеска, до 18:15 часот на територијата на…

Турција ја осуди изјавата на Нетанјаху: Изјавата…

Турција денеска остро ги осуди и отфрли…