СДСМ: Во кое својство и зошто токму Орце Ѓорѓиевски денеска го отвори Скопскиот маратон?
Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како и 17 други кандаити за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон.
Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот? – прашуваат во соопштението до јавноста од СДСМ.
Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон.
Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања.
СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата.
И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува. – додаваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Во кое својство и зошто токму…
Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода…
Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот,…
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар…
Две лица од Брвеница осомничени за илегална…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Димитриевски: Застана откупот на пиперката ајварка поради…
„Деновиве се случува дебакл со откуп на…
Драма во Словенија: Лавина затрупа тројца планинари…
Како што пишува 24ur.com, под врвот Тоска…