СДСМ: Дали Мицкоски го носел синот на државен трошок во САД?

Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок, реагираат од СДСМ.
– Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син.
Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него.
Исто така, бараме Владата да го објави списокот на сите лица членови на делегацијата во САД кои патувале на трошок на граѓаните, за да се потврди или отфрли оваа информација. Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже. – стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…