СДСМ да каже што не е прифатливо од Декларацијата за Делчев

ВМРО-ДПМНЕ искрено жали за реакцијата на СДСМ кон предлог декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Доколку во СДСМ внимателно го анализирале текстот на Декларацијата ќе можеле недвосмислено да се уверат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото, така и денес, но и во иднина продолжува да биде – натамошно зацврстување на темелите на државноста.
ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека со Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, наместо неорганизирано, дифузно и недостоинствено одбележување, се воспоставуваат стандарди и се реализираат активности кои на еден одмерен, коректен и пред сé достоинствен начин државата ќе го одбележи овој голем јубилеј.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да објасни што конкретно смета дека е неприфатливо, а е дел од Декларацијата што ја поднесовме во Собранието?
1. Дали на СДСМ им е неприфатлив повикот до медиумите во годината кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата;
2. Дали на СДСМ им смета повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј?
3. Дали СДСМ има отпор и кон повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев?
4. Конечно, можеби СДСМ се противат и на повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј?!
За ВМРО-ДПМНЕ, однос на СДСМ кон Декларацијата за Гоце Делчев, упатува на две можни причини:
· Прво, или во СДСМ не ја прочитале Декларацијата, што претставува израз на крајна несериозност кон граѓаните или
· Второ, иако не сакаме да веруваме, СДСМ можеби се дел од некое сценарио кое има за цел натамошно да ја девалвира државноста и историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува СДСМ и останатите парламентарни партии внимателно и со доза на најголема државна одговорност да му пристапат на повој предлог документ подготвен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ искрено верува дека со консензуалното изгласување на Декларацијата од страна на сите пратеници во Собранието, Република Македонија ќе го манифестира толку посакуваното единство и обединетост кога станува збор за афирмацијата и заштитата на нашите вредности и заложби за демократска и европска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во време на тага и болка, граѓаните…
„Во време кога цела држава жали за…
„Кој е следен?“ на 29 март пред…
Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…