СДСМ: Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, енергетиката е во целосен хаос
,,ВМРО-ДПМНЕ е во очај. Наместо резултати, проекти и решенија за граѓаните, тие секој ден измислуваат нови лаги и манипулации за претседателот на СДСМ. Денешната прес-конференција е класичен пример на црна кампања која прераснува во политичка паника”, велат од опозициската партија.
„Она што го говори ВМРО-ДПМНЕ е целосна невистина без било каква основа, ниту пари од тендери завршувале кај фирми за кои зборуваат, ниту пак на било кој начин е поврзан претседателот Филипче. Тоа се лажни обвинувања и измислени конструкции. Впрочем ако имаше барем трошка вистина, немаше да поставуваат прашања на прес-конференција.
Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви резултати да им ги покажат на граѓаните, па затоа целиот фокус го насочуваат кон црна кампања против претседателот Венко Филипче и СДСМ.
Ова веќе добива комични димензии, каде е видено власт да зборува само за опозицијата, а да не каже ниту еден збор за своја политика, проект или успех?
СДСМ ќе продолжи да се бори за вистината и да ги разобличува лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ. Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, енергетиката е во целосен хаос, во РЕК Битола се уште не работи Блок 3 на праг на грејна сезона.
Колку повеќе Мицкоски се крие зад лажни прес-конференции, толку појасно станува дека вистинскиот проблем е нивното владеење и неспособноста, од економијата, преку енергетиката, до секоја друга област“, велат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, енергетиката е…
,,ВМРО-ДПМНЕ е во очај. Наместо резултати, проекти…
Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те…
Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
Филипче: Како да задржиме млад човек во…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
Филипче: Во Тетово се газат државните симболи,…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва…
Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ…
Македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна…