СДСМ: Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се луксузира со народните пари

t

Соопштение за јавност од СДСМ

Власта продолжува да се луксузира, 31.000 евра за кафе и алкохол набавува Министерство за одбрана, стои во сопштението за јавноста на СДСМ

Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се луксузира со народните пари.

Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични и прескапи овошја, Министерството за одбрана на Мисајловски склучило договори со пет компании за набавка на кафе, вино, ракија, мастика и други алкохолни пијалоци во вредност од 31.000 евра.

Во реалноста, народот не може да си дозволи ниту основни работи. Последните податоци покажуваат дека синдикалната потрошувачка кошничка достигна 65.507 денари, на граѓаните им се потребни речиси 3 минималнни плати за да ги покријат само основните трошоци. Многу производи се недостижни за голем број семејства во државата.

ВМРО-ДПМНЕ ја држи Македонија со најниската минимална плата во целиот регионот и упорно одбива да ги покачи платите и да ги намали цените кои се превисоки. Просечната плата е само една третина од европскиот просек, додека цените на основните производи достигнуваат до 60% од просекот во Европа.

Ваквата расипничка политика на власта е доказ дека Мицкоски и неговите министри се грижат единствено за сопствената удобност, а не за народот кој секој ден тоне во сиромаштија и едвај врзува крај со крај., велат од СДСМ

Министерство за одбрана набавува кафе, вино, ракија, мастика за 31.000 евра

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа,…

Соопштение за јавност од СДСМ Власта продолжува…

Руската војска зазеде неколку делови од украинската…

Русија зазеде две села во југоисточниот украински…

Славески со нова „реформа“: Поволни кредити за…

Поволни кредити за купување станови најави гувернерот…

Лишени од слобода Србин и Унгарец кои…

Денеска МВР сооопшти дека на ГП Табановце…

Студентите го блокираат влезот пред зградата на…

Студентите кои го блокираа Филозофскиот факултет во…