СДСМ: Зеленчукот поскапе 63%, овошјето 33% а платите стангнираат, со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните живеат сè потешко
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им каже на граѓаните дека не знаат како живеат и дека цените не растат, но граѓаните реалноста ја живеат секој ден, во маркет, на пазар, дома., велат од СДСМ
СДСМ: Зеленчукот поскапе 63%, овошјето 33% а платите стангнираат, со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните живеат сè потешко
За една година власт на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните живеат сè потешко и посиромашно.
-Синдикалната минимална кошница е зголемена за речиси 5.000 денари за период од една година. А минималната плата порасна за само 1.800 денари.
-Зелечукот е поскап за 63,3%, а овошјето за 33% за една година.
-Инфлацијата изнесува 4,8% и директно ја јаде куповната моќ на граѓаните.
-Нивото на цените во Македонија е на 60% од европските а платите само на 35% од европскиот просе. Значи за речиси европски цени три пати пониски плати.
На оваа реалност ВМРО-ДПМНЕ вели народот не знае дека живее добро, дека не знае колку е поскапено и дека власта нема магично стапче.
Наместо да ги убедува луѓето дека многу добро живеат ама не знаат, наместо да измислува изговори дека „нема магично стапче“ ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати предлозите на СДСМ:
-Минимална плата од 500 евра,
-Укинување на ДДВ за храна,
-Зголемување на платите во сите сектори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Зеленчукот поскапе 63%, овошјето 33% а…
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им каже на…
Захарова: Безбедносните гаранции за Украина не треба…
Безбедносните гаранции за Украина не треба да…
Светската програма за храна на ОН: Гладта…
Директорката на Светската програма за храна на…
ССМ: Во период од јануари до август,…
„Кога ќе речат не штрајкувате, не протестирате,…
(Видео) Нож во двор, опасни хемикалии во…
Жители на скопската населба Сингелиќ велат дека…