СДСМ: Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија пат и МВР целосно потфрлија, ништо не функционира
Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово.
Само пред неколку дена се случи хаос и на патот Тетово – Попова Шапка. Како што падна првиот снег патиштата ширум државата останаа целосно неисчистени а граѓаните се оставени сами на себе. Патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, граѓаните беа во целосна изолација.
Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија пат и МВР целосно потфрлија, ништо не функционира, ниту снегот се чисти од патиштата, ниту полицијата превенира, ни пак го регулира сообраќајот на соодветен начин. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски покажува епска неспособност и ги доведува граѓаните во сериозен ризик“ потенцираа од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија…
Поради неисчистени патишта од страна на државното…
Повеќе од 1.300 летови низ САД се…
Повеќе од 1.300 летови беа откажани денеска,…
Украинските сили го елиминираа Братислав Живковиќ, водачот…
Убиениот водач на српските четници Братислав Живковиќ,…
Шолц демантира: Нема да одам кај Путин!
Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата партија…
Ѓоковиќ: Притворот во Австралија ми создаде траума,…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за…