СДСМ: Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта – посочуваат од опозициската СДСМ.
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%.
Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат.
Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите.
Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат.
За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард. – константираат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо…
Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги…
Британија ги укина санкциите против сирискиот претседател
Велика Британија ги укина санкциите врз сирискиот…
Од наредната недела во јавниот превоз ќе…
Од понеделник по скопските улици ќе бидат…
Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за…
Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за…
Орбан: Со Трамп, Унгарија влегува во нов…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Вашингтон…