СДСМ: Мицкоски да преземе итно мерки за покачување на платите!

t

Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување. Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните, велат во соопштение од СДСМ.

„Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија.

Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите.

Падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард.

Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари.

Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила.

Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски да преземе итно мерки за…

Сведочиме на пад на просечната плата за…

(Видео) Експлозија во центарот на Нови Сад,…

Двајца студенти се повредени во нападот во…

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска (23.09.2024) во официјална посета на Република…

ДУИ: Албанците нема да бидат алатка на…

По вчерашното срамно откритие, каде што изјавите…

Киев бара од Цариград новата украинска црква…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Киев…