СДСМ: Мицкоски е во паника, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите

t

Соопштение на СДСМ:

Да имаше Мицкоски реални резултати после 4 години локална власт и една година централна власт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе зборуваше за нив, тоа ќе му беше отчетот пред граѓаните.

Но, бидејќи резултати нема, посегнува по измислени сценарија и конструкции околу локалните избори.

Со истата стара реторика на поделби по политичка и етничка линија, Мицкоски повторно се обидува да ја излаже јавноста, исто како пред парламентарните избори во 2024 година.

Но, тоа веќе не поминува. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга и граѓаните нема да подлегнат на истите лаги и манипулации.

Ваквите изјави на премиерот Мицкоски само потврдуваат дека власта е во паника поради падот на поддршката и стравот дека разочараноста и незадоволството на граѓаните ќе се пресликаат на резултатот од локалните избори.

Логично е прашањето: дали токму Мицкоски е тој што подготвува хаос на изборите?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е во паника, без резултати…

Соопштение на СДСМ: Да имаше Мицкоски реални…

Припадниците на ЕБР им оддадоа почит на…

Припадниците на Единицата за брзо распоредување денес…

Работник починал додека работел на автопатот во…

Работник вчера починал додека работел на изградба…

Филков: Ново барање за екстрадиција на Груевски…

Министерот за правда Игор Филков, во интервју…

Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека…

Во моментов цела Македонија е едно големо…