СДСМ: Младите во Македонија спасот го гледаат надвор-бројот на вработени намален за 17.000

t

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, СДСМ

СДСМ: Младите во Македонија спасот го гледаат надвор-бројот на вработени намален за 17.000

Почитувани граѓани,

Последните податоци се алармантни: Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.

Ова не е само статистика. Ова е вистината зад илјадници човечки судбини – намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија.

Ова е доказ за економскиот колапс, за хаосот на пазарот на труд, за целосната отуѓеност на власта од реалноста во која живее народот.

Младите во Македонија денес ја плаќаат највисоката цена за неспособноста и ароганцијата на Владата на Христијан Мицкоски.

Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население а пред се младите заминуваат, а пензискиот систем е ставен под ризик.

Наместо да креира услови за нови и добро платени работни места, за задржување на младите, Владата со својата ароганција одбива секаков предлог за зголемување на минималната плата и стимулирање на раст на платите.

Младите заминуваат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај – а приоритетите на оваа власт се манго, папаја, луксузни патувања и тендери за блиски фирми.

Секое трето дете во државата живее во сиромаштија. Половина милион граѓани живеат со плата под просечната.

Што направи Христијан Мицкоски за да им обезбеди подобри услови на овие луѓе? Што направи за младите да останат тука и да создаваат семејства, иднина, живот со достоинство? Ништо.

Оперативниот план на Владата е само фасада и не е решение – со ограничен домет и краткорочен ефект за многу мал дел од невработените.

Проблемот е длабок и системски. Младите не гледаат перспектива со ВМРО-ДПМНЕ. Со години ги бројат парите од месец за месец и сè почесто го гледаат спасот надвор од Македонија.

Проблемот не се решава со партиски вработувања во администрација туку се продлабочува.

СДСМ јавно предупредува: ако не се смени курсот, ако не се застане веднаш со овие штетни политики – Македонија ја чека уште подлабока економска и социјална криза.

Не станува збор само за бројки – станува збор за животи, за иднината на младите, за иднината на нашата земја.

https://www.youtube.com/watch?v=MJmyOtabF5s&t=5s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Младите во Македонија спасот го гледаат…

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, СДСМ СДСМ: Младите во…

СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000…

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по…

СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ…

Прес конференција, Јовица Јанковиќ, СДСМ СДСМ: Матни…

СДСМ бара отставка од министерот за спорт…

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како…

Шукова: Не смееме да ги заборавиме тие…

Не смееме да ги заборавиме тие кои…