СДСМ: „Најголемиот нарко скандал од 5 тони дрога води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски“
„Доста се наслови за жолт печат, најголемиот нарко скандал од 5 тони дрога води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски“, соопшти СДСМ во реакција на интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски.
Во соопштението, СДСМ наведува дека премиерот „им порача на работниците дека неговата Влада нема намера да ги покачува платите“ и дека, според нив, „платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат“.
Од партијата додаваат дека „она што сите го сфатија од интервјуто на премиерот е дека целата земја и сите граѓани треба да трпат – зависно од расположението на Мицкоски“.
СДСМ тврди дека „како и досега од Мицкоски, како и од целото ВМРО-ОКГ, нема никаков одговор на актуелните прашања“ и посочува дека „сè уште нема одговор ниту за најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога како помина и кој во врвот на власта ќе одговара“.
Во реакцијата се наведува дека премиерот претходно рекол дека не знае дали дрогата е од Македонија, а сега, според СДСМ, „вели дека има индиции дека е од Македонија“, додавајќи: „Изгледа дека некој помага на царина? Па од кога го зборуваме тоа? Прашањето е кој од власта ќе одговара?“
СДСМ, исто така, побара Владата да ги објави податоците за користењето на владиниот авион. „Бидејќи Мицкоски вели дека сè било по пропис со користењето на авионот, нека ги објават листите со патници. Што е толку тешко?“, се наведува во соопштението.
Партијата оценува дека во интервјуто „освен навреди кон опозицијата и граѓаните, ништо друго не беше кажано“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: „Најголемиот нарко скандал од 5 тони…
„Доста се наслови за жолт печат, најголемиот…
Најчевска до Силјановска: Ајде Гоцо дај ни…
Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните…
Полицијата му ја зела возачката, тој ја…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р.…
Јавниот долг на Северна Македонија зголемен за…
Вкупниот јавен долг на Северна Македонија изнесувал…
Принцот Ендрју е првиот член на британското…
Иако наводно бил омилен на неговата мајка,…