СДСМ: Обвинителството да го повика Мицкоски на сослушување за информациите за дестабилизација
Мицкоски од вчера молчи на повиците на СДСМ и претседателот Филипче да ги објави наводните информации за дестабилизација на државата од страна на политичка партија. Доколку Мицкоски вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и партијата дека ДУИ заедно со СДСМ подготвуваат дестабилизација на земјата на есен.
-Премиер кој кажува дека има информации за нарушување на безбедносната состојба и мирот во земјата, а ништо не презема околу тоа е директен соучесник на евентуално сценарио. Доколку тоа го прави само а да ги заплаши граѓаните и да манипулира со нивните чувства обидувајќи се да ја смени темата од скандалите кои ја пратат неговата влада, тогаш станува збор за човек кој му мисли лошо на својот народ.
Секоја најава за дестабилизација значи грч за граѓаните, грч за економијата, страв и тензија во општеството. Доколку тоа Мицкоски го прави без основа и без да преземе конкретни чекори, Мицкоски е тој што дестабилизира. Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, бараме Силјановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран. Бараме обвинителството да покрене истрага и да го викне Мицкоски на сослушување, изјави Кузеска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во Маџир Маало
Вечерва се запали стара и напуштена куќа…
Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…
Американското Министерство за финансии објави дека кинески…
Силен земјотрес воТурција!
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…
Ристовски: До крајот на идното лето пет…
Скопје до крајот на идното лето ќе…
Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…