СДСМ обвини дека за половина година откако раководи со МВР, Тошковски не расчистил ниту едно убиство или обид за убиство

t

Опозициската СДСМ обвини дека откако Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ раководи со Министерството за внатрешни работи, првично во техничката, а подоцна и во новата политичка Влада, не е расчистено ниту едно од четирите убиства и три обиди за убиства во земјава.

Оценката на СДСМ, која денеска на прес-конференција ја изнесе портпаролката Богданка Кузеска, е дека во последните шест месеци државата се претворила во Див Запад и опасно место каде што секојдневно се случуваат убиства, палење автомобили и насилство кое останува нерасчистено. Од партијата го посочуваат последното убиство во Тетово како еден од, како што велат, нерасчистените случаи поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се уште нема епилог од 1 јули кога имаше пукање во Батинци кон автомобил во кое загина едно лице. Нема никаков епилог и во фамозниот случај во кој во Железара 67-годишниот матичен лекар Ацо Трпковски беше пронајден избоден на паркинг пред поликлиниката. Овој случај датира уште од март. Нема никаква разрешница ниту за убиството во Горно Блаце од февруари годинава. Таму со прострелни рани од автоматско оружје беше пронајдено тело на 56-годишник. Никакво решение или епилог нема ниту за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново кон кој беше пукано од возило, а повредени беа возачот на градоначалникот и еден вработен во општината. МВР беше неспособно да открие и што се случило во Тетово во април годинава кога имаше пукање врз куќа на семејството Терзија и обид за убиство. И конечно, нема разрешница ниту за нападот на Бит Пазар порано овој месец кога 25-годишник бил физички нападнат и имало обид за убиство“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

Од партијата побараа итно расчистување на случаите кои ги посочија и оценија дека неефикасноста на МВР и министерот Тошковски стимулираат уште повеќе криминал, ја влошуваат безбедноста и, како што велат, ги охрабрува пиштолџиите кои слободно се шетаат низ државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на…

*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да…

Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…