СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници низ општините во Македонија
Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите на Извршниот одбор на СДСМ донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата
Кандидатка за градоначалника на Општина Бутел од редовите на СДСМ ќе биде, Оливера Ливриниќ, а за Општина Велес, Маја Хеско.
Се избраа кандидати за градоначалници и во Општина Гевгелија, Миле Атанасов; Општина Делчево, Дејан Глинџарски; Општина Демир Капија, Лазар Петров; Општина Конче, Благој Илиев; Општина Кратово, Влатко Спировски; Општина Кривогаштани, Игор Каравиловски; Општина Македонски Брод, Ивица Стојковски; Општина Ранковце, Даниел Крстевски и Општина Старо Нагоричане, Далибор Трајковски
СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините., пишува во објавата Фејсбук објавата на партијата СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници…
Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор…
ЦУК: Дванесет активни пожари на отворен простор,…
Денеска, до 18:15 часот на територијата на…
Турција ја осуди изјавата на Нетанјаху: Изјавата…
Турција денеска остро ги осуди и отфрли…
Радивој Јововиќ, водач на блокадите во Нови…
Покраинскиот пратеник, професор Радивоје Јововиќ од Движењето…
Зеленски: Русија продолжува со војната, ги игнорира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија…