СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање на Груевски
„Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси. Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните“ соопштија денеска од опозициската СДСМ.
Велат „Додека граѓаните на Унгарија го избираат европскиот пат Мицкоски ја турка Македонија во спротивна насока – кон изолација, неизвесност и назадување кое сака да трае со децении. Мицкоски ги продава македонските национални интереси а денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски“.
„Какви други договори се прават зад затворени врати? Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кога ќе падне Орбан, кои ги контролира ВМРО? Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија, во енергетиката и телекомуникациите?“ прашуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање…
„Додека политичката сцена во Унгарија се менува,…
„Политико“: Земјите сакаат да се приклучат кон…
Земјите што сакаат да се приклучат кон…
Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“,…
Русија останува посветена на исполнување на своите…
Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува…
Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари…
Американските специјални сили слетаа на Блискиот Исток,…
Неколку стотици американски сили за специјални операции…