СДСМ прашува: Мицкоски, како не ти е срам?
Од СДСМ попладнево испратија соопштение со реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за тоа дека сме петта економија во светот и дека македонскиот систем подобро се справил со трагедијата во Кочани отколку швајцарскиот во Кран Монтана.
„Како не ти е срам Мицкоски? Системската реакција на Македонија за трагедијата во Кочани била подобра од Швајцарија?
Што има добро во 63 изгубени животи? Каква системска реакција? Згаснаа млади животи и секој ден се случува некоја трагедија.
63 жртви има заради системски пропусти, мајка и дете во Скопје го загубија животот заради системски пропусти на МВР, сериски убиец уби 5 жени во Старо Нагоричане заради системски пропусти, 5 тони дрога преку граница.
Цел ден Мицкоски зборува за „успесите“ на Македонија?
Петта економија сме биле ама со најниски плати.
Нови автопати, додека се уриваат оние направени пред 6 месеци.
Најавува намалување на цената на дизелот за два денари, а ја покачи за 14,5 денари?
Зошто само два? Треба да се наплатат провизии?
Ова е нарко-картел ВМРО-ОКГ на чело со македонскиот Мадуро.
Треба да ви биде јасно дека сите ќе одговарате! Сите до еден!
За вас нема да биде како со Груби – домашен притвор.
Сите ќе одите во Идризово на многу години, и тој вашиот газда од Будимпешта.
Само да ја вратиме власта во рацете на народот, да ја ослободиме Македонија од злото – организираната криминална група ВМРО!“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ прашува: Мицкоски, како не ти е…
Од СДСМ попладнево испратија соопштение со реакција…
Одбележани 45 години од формирањето на САЕ…
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето…
(Видео) Акција на МВР и Град Скопје…
По пријава, Град Скопје денес спроведе акција…
19-годишник пронајден починат во Битола
Секторот за внатрешни работи Битола информира дека…
Поднесено обвинение за сурово насилство и наведување…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…