СДСМ продолжуваат со убедување: Пред нас е предлог со чист македонски јазик
Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се. Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, соопштија од владејачката СДСМ.
„Потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.
И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести. Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија. Со таквото негово признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ. Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.
Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција. Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие секогаш биле препознавани и поразувани од граѓаните и така ќе биде и сега“, велат од Бихаќка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колева: Државата никогаш не била толку понижена…
Не гледаме ниту еден конкретен резултат од…
Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните…
„Непосредно пред локалните избори, во време кога…
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…
Николова: Хаос со актите во образование, се…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…
На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…