СДСМ: Распад на системот по само нецела година од владеењето на “експертскиот“ тим на ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика
Распад на системот по само нецела година од владеењето на “експертскиот“ тим на ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика. Додека, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, раскажува приказни на телевизија, како секторот за енергетика почнал да се развива, откако таа е поставена за министер, во реалноста се случуваат хаварии, прво пред почетокот на викендот во рудникот Суводол, се случи хаварија на јаловинскиот систем, поради лизгање на погонската станица ОТ до одлагачот, при што нултиот јаловински систем ќе биде надвор од употреба најмалку 2 до 3 недели. И за ова замислете нема никаква информација од страна на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во ЕСМ и РЕК Битола, велат од СДСМ.
„Дополнително, од брифингот на министерката дознавме дека ЕСМ како најголем производител потфрлил цели 35% од својот план за производство за 2025 година, и дека истиот им бил преамбициозен. Ја прашуваме министерката за енергетика, рударство и минерални суровини која нели е експерт по енергетика, како е можно да се направи преамбизиозен план, а нели претходното раководство оставило хаос?
Второ, денес пола држава е сведок на “способното“ раководство на ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, како пола држава остана без струја и се разбира не е виновен никој, туку регионот па дури и цела Европа.
Граѓаните после една година, очекуваат конкретни одговори на прашањата поврзани со изградбата на новите енергетски проекти, кои ги најавуваа во својата партиска платформа 1198, меѓутоа не добија никаков одговор, туку распад на системот. После една година од министерувањето на Сања Божиновска во ново формираното министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, можеме да заклучиме дека не се случува ама баш ништо а и министерката се однесува како да не е од тука. До кога министерке ќе се вадите на претходното раководство за вашите неостварени ветувања“, стои во соопштението од СДСМ.
Да се потсетиме, пред само една недела, по повод блекаутот во Шпанија, министерката во изјава дадена за медиумите, тврдеше дека тоа што ни се случи во Шпанија, не може да ни се случи на нас и веднаш се докажа спротивното, односно се потврди дека министерката не знае што се случува на терен ниту во производството ниту во преносот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…