СДСМ се испофали: Ги зголемивме платите на наставниците за 36%
СДСМ во изминатите пет години покажа вистинска грижа за вработените во образованието, како и за унапредување на условите за изведување на наставниот процес.Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти, посочуваат од владејачката партија.
Оттаму посочуваат дека со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.
-СДСМ за пет години ги зголеми платите во образованието за 36 проценти, додека во периодот од 2011 до 2016 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието пораснаа за само 4 отсто.ВМРО-ДПМНЕ со години ги малтретираше и уценуваше наставниците и професорите, го потценуваше нивниот труд и им го газеше достоинството.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се служеше со притисоци закани и уцени кон наставниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…