СДСМ: Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема
Повеќе од две недели по почетокот на учебната година мнозинство ученици и училишта сѐ уште се без учебници. – пишува во соопштението на СДСМ
Денешните изјави на минисерката Јаневска дека недостатокот на учебници ќе го решавале со донации се признание за дебаклот и неспособноста на оваа власт.
На 11 јуни министерката Јаневска изјави дека сите учебници, вклучувајќи ги и оние за странски јазици од прво до деветто одделение, ќе бидат обезбедени до 1 септември.
Помина повеќе од половиа месец, учебници нема.
Со една работа само се пофалија и за таа излажаа.
Цената за неспособноста на власта ја плаќаат учениците и нивните родители.
Учениците не можат да учат, не можат добро да се подготват, се создава хаос со наставата, и сето тоа е дополнителен стрес за сите нив.
Јавноста очекува одговорност за пропустите и сериозен план кој ќе гарантира дека вакви срамни ситуации нема да се повторуваат. – додаваат од СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Со една работа се пофалија и…
Повеќе од две недели по почетокот на…
Шамар за скопјани: ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот…
ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои…
СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите…
Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок…
Знае ли Мицкоски дека Панче го демантираше…
Соопштение на СДСМ во врска со гостувањето…
Костова: Скопје е пример за катастрофалното владеење…
-Нашите кандидати за градоначалници се внимателно бирани…