СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски!
Финансиската полиција да отвори истрага за преземањето на „Стопанска Банка АД Битола“, побара денеска на прес – конференција, Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски. Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“. За тоа согласност дал Трајко Славески, гувернер на НБРМ. Дали токму тоа е причината за која Трајко Славевски беше избран за Гувернер НБРМ, само за да тивко и експедитивно се реализира токму оваа зделка? Но клучното прашање е: Што се крие зад оваа зделка? Зошто веднаш по доаѓањето на власт на ДПМНЕ се реализираат вакви дилови? Одиме со фактите по ред. Сопственик на Алта Банка е Давор Мацура од соседна Србија. За краток период од сопственик на мала менувачница во Земун, станува сопственик на банка, земјишен магнат, инвеститор, кој има договори со огромни државни компании во Република Србија. Последно, на банката која до вчера била менувачница и е даден огромен државен бизнис на Електростопанството на Србија, а тоа се сметките за струја. Според пишувањата на српските медиуми рецептот за успех се неговите врските со власта на СНС Александар Вучиќ, неговиот брат и кум. Српската опозиција редовно го обвинува Мацура за криминал. А медиумите во Србија го врзуваат пријателството и со Милан Радојчиќ, под американски санкции и на црната листа. Но, кога Мацура се обидел да се прошири и во ЕУ, односно да купи речиси 20 проценти од уделот во австриската Адико банка, Европската централна банка му го суспендирала правото поради сомнеж за потеклото на капиталот. По пишувањата на угледниот Фајненшл тајмс, постоела долга истрага на ЕЦБ за Alta Pay поради сомнежи за перење пари“, рече тој
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ…
Финансиската полиција да отвори истрага за преземањето…
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама…
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во…
СДСМ: (Документ) Еве ја Резолуцијата, ќе ја…
ДПМНЕ се прави глува и не одговара…
Над 27% веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ била фаворизирана…
Предизборната кампања за локалните избори повторно го…
Спасовски со реакција за кривичната: МВРО-ВМРО се…
По понесувањето на кривичнапријава од страна на…