СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

t

Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија, изјави Рената Младеновска, член на ИО на СДСМ.

-Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена. Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство. Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација. Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Па дури и немале техничка опрема – рече Младеновска.

И покрај овие недостатоци, додаде таа, фирмата сепак била избрана.

-Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената. Сомнително? Само дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски. Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот. Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ – рече Младеновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за…

Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана…

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за…

ВМРО активираше организирана и координирана операција за…

СДСМ: Доставуваме барање до Централниот одбор на…

СДСМ денеска соопшти дека до надлежните органи…

Разоткривање: Координирана операција на ВМРО за уривање…

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања…

СДСМ: Додека УЈП собира арач – нема…

Во буџетот недостигаат пари, околу 1 милијарда…