СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата!

t

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена, вели Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

„Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат инфлација од 3,3%.

Овие бројки не се само статистика – тие се реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство.

Сѐ е поскапено. Животот за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ стана „купи ден – помини“.

Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст.

Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст на БДП или дека сме биле 4 та економија во Европа нема никаква врска со реалноста, тоа е една голема лага.

Прво Мицкоски излажа за растот на БДП, не е 3,4% како што рече тој, туку 3%.

Но, кога ќе се спореди со поголемата инфлација од 3,3%, значи не само што нема раст, туку е негативен.

Затоа и куповната моќ на македонските граѓани во споредба со целиот регион е најмала.

Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53% и така натаму.

Ова е тажната реалност. Животот во Македонија е неподносливо скап, народот има се помалку пари. Граѓаните преживуваат од ден за ден.

Купуваат се помалку, пресметуваат секој денар, одат во продавница со страв.

Наместо решенија и заштита на стандарот власта на ВМРО-ДПМНЕ реши да ги покачи платите ама само на функционерите.

За работниците – ништо, нема пари, власта има пари само за зголемивање на платите на фунционерите.

Без трошка срам министерката за финансии тврди дека повисоки плати ќе предизвикале инфлација.

Ова е врв на безобразие. Работниците не заслжуваат ваков однос, вакво понижување.

СДСМ бара итна промена на курсот, владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците“, вели Костова на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…

Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…