СДСМ: Тошковски создава хаос во МВР, да не се казнуваат граѓаните со непроменети возачки дозволи!
СДСМ утрово порача дека не треба да се казнуваат граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи со нови со новото уставно име на државата. Според партијата, возачките се за домашна употреба и законот дава можност за опомена.
Од партијата на власт велат дека наместо решение, новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски создава хаос со документите и шири паника меѓу граѓаните.
-Пред само неколку дена, во интервју за Алсат М Телевизија, министерот од ДПМНЕ рече дека граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи нема да бидат казнувани. Вчера ја смени плочата, министерот од ДПМНЕ вели дека ќе ги казнувале граѓаните. Никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот, порачаа од СДСМ.
Околу возачките дозволи, МВР вчера ги извести граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија.
-Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, стоеше во соопштението на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…