Северна Кореја го претстави новиот „нуклеарен монструм“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја надгледуваше големата воена парада на која беше претставена нова интерконтинентална балистичка ракета, соопшти државната новинска агенција КЦНА. Присуствуваа кинескиот премиер Ли Кечијанг, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и други странски претставници.
Воената парада во Пјонгјанг, која започна во петокот вечерта, ја одбележа 80-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија, објави РТС.
Меѓу странските претставници беа кинескиот премиер Ли Кечијанг, делегација од Русија предводена од поранешниот претседател Дмитриј Медведев и генералниот секретар на Виетнамската комунистичка партија То Лам.
Што може да направи новата ракета?
На воената парада, Северна Кореја ја претстави својата најнапредна интерконтинентална балистичка ракета, Хвасонг-20, која КЦНА ја опиша како „најмоќниот стратешки систем за нуклеарно оружје“ во земјата.
Серијата ракети Хвасонг ѝ овозможи на Северна Кореја да погоди која било точка во Соединетите Држави, но остануваат сомнежи за софистицираноста на навигацискиот систем на ракетата и способноста на боевата глава да преживее повторно влегување во атмосферата.
„Хвасонг-20 засега претставува врв на амбициите на Северна Кореја за нуклеарно оружје со долг дострел. Очекуваме системот да биде тестиран до крајот на годината. Системот веројатно е дизајниран да носи повеќе боеви глави… Повеќе боеви глави ќе го зголемат притисокот врз постојниот американски систем за ракетна одбрана и ќе го зајакнат она што Ким го смета за неопходно за да се постигне вистински ефект на одвраќање врз Вашингтон“, рече Анкит Панда од Карнегиевата фондација за меѓународен мир.
На воената парада, Ким одржа говор во кој упати „топли зборови на охрабрување“ до севернокорејските војници на мисии во странство, додавајќи дека моќта на војската ќе биде демонстрирана не само во одбраната на Северна Кореја, туку и во „надворешните позиции на социјалистичката изградба“, соопшти KCNA.
„Нашата војска треба да продолжи да расте во непобедлива сила што ги уништува сите закани“, рече КиМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тепачка во Зајас, одземено оружје
На 20.09.2025 во 15:50 часот, во селото…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
МВР јавно ќе уништува запленети наркотични дроги…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Претрес во Скопје, пронајдени пиштол и куршуми…
На 05.09.2025 во 17:30 часот во Скопје,…
Членките на НАТО купуваат оружје за Украина…
Земјите од НАТО веќе купија оружје за…