Северна Кореја тестираше подводен нуклеарен систем
Северна Кореја извршила тестирање на својот подводен систем на нуклеарно оружје во знак на протест против овонеделните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, јавија денеска државните медиуми.
Тестирањето на системот „Хаил-5-23“, како што Северна Кореја ги нарече своите подводни дронови способни за нуклеарен напад, беше спроведено од Министерството за одбрана во водите крај нејзиниот источен брег, се вели во извештајот, но не се наведува датум.
Неименуван портпарол на министерството ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека „побеснале“ со воените вежби, предупредувајќи на „катастрофални последици“.
„Позицијата на нашата војска во борбата против подводното нуклеарно оружје е дополнително заокружена, а нејзините различни поморски и подводни активности за одговор ќе продолжат да ги одвраќаат непријателските воени маневри на морнариците на САД и нивните сојузници“, рече портпаролот на севернокорејската Министерството во соопштението, јави КЦНА.
Севернокорејската државна телевизија емитуваше претходни тестови со атмосферски експлозии, кои беа следени од американските и јужнокорејските власти, но пријавеното подводно оружје не е независно потврдено.
Наречен „Хаил“, што значи цунами, новиот систем на дронови, наводно, првпат бил тестиран во март 2023 година, а државните медиуми јавија дека е наменет за прикриени напади во непријателските води и да ги уништи поморските ударни групи и главните оперативни пристаништа со создавање голем радиоактивен бран со подводна експлозија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…
Не се согласувам со вашата констатација дека…
Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без ,,Северна“
На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…
Името „северна“ Македонија го има пет пати…
Во поднесокот на имињата на новите министри…
Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…
Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…
САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…
Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…