„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се брише „Република Македонија“ и се додава северна
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До Собранието се поднесени 41 закон во кои измените се однесуваат на заменување на зборовите „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“.
Во продолжение сите закони во кои се додава „северна“:
- Предлог на закон за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка, предлагач Министерство за администрација;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, предлагач Министерство за администрација;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози, по скратена постапка, предлагач Министерство за администрација;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, по скратена постапка, предлагач Министерство за администрација;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка, предлагачи Биљана Кузманоска, Весна Ѓорѓиева, Златко Пенков, Зоранчо Јованчев, Кире Божиновски, Миле Лефков, Моника Трајанова, Петар Ристески (сите од ВМРО-ДПМНЕ)
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за културата, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на културното наследство, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за филмската дејност, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за издавачката дејност, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за прогласување на споменичката целина Kрушево за културно наследство од особено значење, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, предлагач Министерство за култура и туризам;
- Предлог на закон за изменување на Законот за административните такси, предлагач, Министерство за финансии;
- Предлог на закон за изменување на Законот за даночна постапка, предлагач, Министерство за финансии;
- Предлог на закон за изменување на Законот за трансформација во редовен работен однос, предлагач Министерство за финансии;
- Предлог на закон за изменување на Законот за царинската управа, предлагач Министерство за финансии;
- Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, предлагач Министерство за финансии;
- Предлог на закон за изменување на Законот за основање на агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, предлагач Министерство за економија и труд;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, предлагач Министерство за економија и труд;
- Предлог на закон за изменување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, предлагач Министерство за економија и труд;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за услуги, по скратена постапка, предлагач Министерство за економија и труд;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, предлагач Министерство за труд;
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, предлагач Министерство за социјална политика, демографија и млади;
- Предлог на закон за изменување на Законот за иновациската дејност, по скратена постапка, предлагач Министерство за образование;
- Предлог на закон за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, по скратена постапка, предлагач Министерство за образование;
- Предлог на закон за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, по скратена постапка, предлагач Министерство за образование;
- Предлог на закон за изменување на Законот за ученичкиот стандард, по скратена постапка, предлагач Министерство за образование;
- Предлог на закон за изменување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка предлагач Министерство за образование;
- Предлог на закон за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, по скратена постапка, предлагач Министерство за образование;
- Предлог на закон за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, предлагач Министерство за локална самоуправа;
- ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, предлагач Министерство за локална самоуправа;
- ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, по скратена постапка, предлагач Министерство за транспорт;
- Предлог на закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка, предлагач Министерство за транспорт;
- Предлог на закон за изменување на Законот за јавните патишта, по скратена постапка, предлагач Министерство за транспорт;
- Предлог на закон за изменување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, по скратена постапка, предлагач Министерство за транспорт;
- ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН за изменување на Законот за поштенските услуги, по скратена постапка, предлагач Министерство за транспорт;
- Предлог на закон за изменување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, по скратена постапка, предлагач Министерство за транспорт;
- ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УПРАВНА ПОСТАПКА И ПОСТАПКА ОД РАБОТЕН ОДНОС ВО ВТОР СТЕПЕН, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА, предлагачи Антонијо Милошоски, Благица Ласовска, Бојан Стојаноски, Дафина Стојаноска, Ели Панова (сите од ВМРО-ДПМНЕ)
- Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка, предлагач Министерство за јавна администрација
Законите немаат суштински измени, но до Собранието се поднесени со цел употреба на новото уставно име. Трагедијата е во тоа што ниту еден од Законите не мора итно да биде променет и да почне да ја употребува „северна“, но ВМРО-ДПМНЕ побрза да го заврши тоа што СДСМ го почна, иако во предизборието и години наназад ветуваа дека нема да употребуваат „северна“, а постоеја и ветувања дека доколку имаат двотретинско мнозинство ќе се врати името Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…
Собранието денеска треба да ги разгледа на…
Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре…
Во Собранието се очекува утре да почне…