Објавено на:

Севернокорејскиот лидер вети дека ќе ја зајакне соработката со Москва

t

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека „рака под рака“ со рускиот претседател Владимир Путин ќе ја зајакне стратешката соработка на двете земји во насока на постигнување на заедничката цел за изградба на помоќни држави, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Ким го даде ова ветување во пораката до Путин по повод Националниот ден на Русија, бранејќи ја одлуката на Русија да ја нападне Украина со изрази на „целосна поддршка и солидарност“, пренесува Ројтерс.

„Правдата сигурно ќе надвладее и рускиот народ ќе продолжи да ја слави својата победничка историја“, рече Ким во пораката што ја пренесе КЦНА.

Ким ја повика официјална Москва на поблиска стратешка соработка „рака под рака“ со рускиот претседател, во согласност со заедничката желба на луѓето од двете земји да ја постигнат големата цел за изградба на моќна земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва удри по укранските одбранбени објекти –…

Руската војска изврши серија напади врз украински…

(ВИДЕО) Зеленски: Русите се уште напаѓаат, а…

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски и се…

Вучиќ од Москва: Благодарност до Црвената армија…

По многу години, повторно во Москва. „Горд…

(Видео) Вучиќ слета во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во…

И Вулин ќе оди во Москва на…

На покана на највисокото раководство на Руската…