СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ПОБЛИКУ ДО УКРАИНА: Се очекува да им се придружат на руските сили во Курск

t

Вашингтон е загрижен поради можноста Русија да сака да користи севернокорејски војници во борба или за поддршка на борбените операции против украинските сили, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Тој рече дека неколку илјади севернокорејски војници се приближиле до границата на Русија и Украина, во правец на областа Курск.

Како што додаде, помал број војници веќе се присутни во руската област Курск, каде што украинските сили извршија инвазија во август, пренесува „Униан“.

– Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата во консултација со нашите украински партнери и другите сојузници – рече Рајдер.

Според Пентагон, Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во источна Русија на обука, а се очекува тие да им се придружат на руските сили „во близина на Украина во следните неколку недели“.

Претходно денеска севернокорејските медиуми објавија дека министерката за надворешни работи на земјата, Чое Сон Хуи, пристигнала во рускиот град Владивосток, но целта и деталите за нејзината посета не беа прецизирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ПОБЛИКУ ДО УКРАИНА: Се…

Вашингтон е загрижен поради можноста Русија да…

(Видео) Поплави во Шпанија- предупредувања за граѓаните…

Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што…

Костадинов потврди дека останува во ЗЕЛС

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател…

Дарко Панчев со одговор на прозивките од…

Панчев во својот одговор наведува дека жално…

Хороскоп за среда (30 октомври)

Пред вас е поволен период доколку имате…