Објавено на:

Севернокорејските хакери направија хаос во Јужна Кореја

t

Полицијата на Јужна Кореја денеска соопшти дека севернокорејската хакерска група Лазарус минатата година ја наруши безбедноста на стотици компјутери на 61 јужнокорејска институција во обид да изврши голем кибер напад против Сеул.

Од јуни минатата година, хакерската група упаднала во 207 компјутери користејќи го инсталираниот безбедносен софтвер, а осум медиумски фирми се меѓу погодените институции, соопшти јужнокорејската Национална полициска служба (НПС).

Како подготовка за нападот, групата Лазарус најпрво ја наруши одбраната на јужнокорејскиот продавач на безбедносен софтвер, што се користеше при инсталирање на безбедносни приклучоци за онлајн банкарство. Како резултат на тоа, во моментот кога ќе се отвори медиумска веб-страница, малициозниот код автоматски се инсталира на компјутерите со инсталиран безбедносен софтвер.

Според НПС, хакерите подготвувале кибер напад од големи размери за да ја преземат контролата врз погодените компјутери и да ги претворат во „зомби компјутери“. Сепак, обидот за упад во компјутерите навреме бил спречен од јужнокорејските власти без да биде предизвикана некаква штета.

Лазарус е хакерска група на Централното разузнавачко биро на севернокорејската Влада одговорна за упад во системот на компанијата „Сони пикчрс“ (Sony Pictures) во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Венецуела: Властите обвинуваат хакери од…

Големи немири избиле во главниот град на…

Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…

Не се согласувам со вашата констатација дека…

​​​​Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва  без ,,Северна“

На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…

Името „северна“ Македонија го има пет пати…

Во поднесокот на имињата на новите министри…

Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…

Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…