Сега ЕУ е на ред: Рама и Мета ја поздравија одлуката “за укинување на ветото за Македонија”
Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама преку социјалните мрежи ја поздравија одлуката на бугарскиот парламент за „укинувањето на ветото за Република Македонија”.
„Само што добив повик од Бојко Борисов. Не можев доволно да му се заблагодарам за доброто мислење дека ми се јави, но можев да му се заблагодарам за неговата одлучувачка улога во отстранувањето на ветото во парламентот! Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ мора брзо да дејствува“,напиша Рама на Твитер.
Мета за изгласувањето на декларацијата во бугарскиот парламент го нарече долгоочекувана вест од Бугарија и го поздрави тоа преку објава на Фејсбук.
„Конечно дојде долгоочекуваната вест од пријателска Бугарија, која отсекогаш била цврст поддржувач на нашиот процес за членство. Гласањето на бугарскиот парламент за укинувањето на ветото за Северна Македонија го отвори патот за почеток на преговорите за членство на нашите две земји. Се чекаат следните вести од состанокот на Европскиот совет, кој сè уште трае“, напиша Мета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку го забележите овој предмет на вашиот…
Крадците ги избираат своите цели според два…
Повторно падна Фејсбук…
Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…
Се врати Фејсбук: Останатите платформи сè уште…
Фејсбук успеа да ги врати своите услуги…
Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…
Ако го читате овој пост тоа е…
Хутите се заканија дека ќе ги гаѓаат…
Портпаролот на јеменските Хути, Јахја Саре, денеска…