Сега сите ќе ни намигнуваат: Екс председателот Иванов ќе го советува министерот Муцунски
Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов ќе му дава совети и ќе му помага на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во областа на афирмација на културната дипломатија и афирмација на македонскиот идентитет во странство.
Муцунски преку фејсбук објави дека денеска е потпишан Меморандум за соработка меѓу МНР и Меѓународната алијанса за цивилизации, застапувана од поранешниот претседател Иванов.
„Утрово остварив средба со поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов. Во рамки на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Меѓународната алијанса за цивилизации, застапувана од поранешниот претседател Иванов.
Целта на меморандумот е унапредување и збогатување на соработката помеѓу двете страни во областа на јавната дипломатија, развојот на културната дипломатија и афирмацијата на македонската култура и идентитет во странство.
Во рамки на оваа соработка, Министерството денес беше домаќин на третиот Форум за културна дипломатија. Во моето обраќање говорев за важноста на културната дипломатија како средство за надминување на разликите помеѓу државите, но и за нашата посветеност како институција да ја продолжиме културната промоција на државата на меѓународната сцена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…