Сега ќе “им се пуштат” Бугарите: ЦИА во своите документи го забележува постоењето на македонското малцинство!
Архивата на американската разузнавачка организација ЦИА изобилува со голем број документи, извештаи и анализи што го нотираат постоењето на македонското малцинство во Бугарија, Србија, Албанија и во Грција, но и на Македонците во некои други европски држави. Документите и извештаите потекнуваат од втората половина на 20 век. Тие се пишувани врз основа на добиени податоци од терен, односно од соработниците и информаторите на американската тајна служба. Благодарение на декласификацијата, овие документи сега ѝ се достапни на јавноста, објави Нова Македонија.
„Нова Македонија“, истражувајќи во огромната декласифицирана архива на ЦИА, пронајде неколку документи и извештаи што јасно го посочуваат на постоењето на Македонците надвор од границите на матичната македонска држава. Од денешна перспектива, документите се особено значајни ако се земат предвид последните активности на бугарската држава, која се обидува да го негира постоењето на македонското малцинство, како во Бугарија така и во околните балкански држави. Споменатите документи го докажуваат постоењето на Македонците надвор од матичната држава, но и ги разобличуваат бугарските апсурдни активности.
Документ на ЦИА од февруари 1950 година посочува дека „македонските националисти во Пиринска Македонија“ станале активни и извршиле поголем број саботажи на железничката пруга. Исто така во овој документ се вели дека „Бугарија спроведува политика на денационализација на Македонците во Пиринска Македонија“. Во овој контекст е и извештајот од јули 1953 година, во кој се констатира постоењето на затвори и концентрациони логори на територијата на Бугарија, меѓу кои и оној во Ќустендил, кој бил наменет за „локалното население од Пиринска Македонија“. Постоењето на затвори и концентрациони логори во кои биле затворени Македонци се забележува и во документот на ЦИА што се однесува на 1952 и 1953 година. Во овој документ се вели дека покрај „бугарските затвореници имало и многу странци, особено Југословени, Грци, Турци и Македонци“. Во однос на Македонците се вели дека биле затворени во концентрационен логор и нивната бројка изнесувала околу 400 лица. Затворениците биле принудувани да работат од 8 до 10 часа физичка работа, да сечат дрва и да градат патишта.
Целиот текст тука
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…