Седете дома, Мицкоски бара министер: Раководството на партијата во сериозни проблеми, не може да најде прв човек на МВР

t

Инфомакс ексклузивно од внатрепартиски извори дознава дека Христијан Мицкоски и потесното раководство на партијата деновиве се соочуваат со посериозни проблеми кога стануа збор за избор на првиот човек на Министерството за внатрешни работи.

Како што дознаваме некогашниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев кој требаше да биде најверојатниот министер и во новата техничка Влада бил одбиен од претставниците на меѓународната заедница, односно од стратешките партнери на државата. Како што дознаваме пријателските држави кои посочиле дека Чулев не може да добие НАТО сертификат поради соработка со трети држави, ваквите сонзанија од стратешките партнери предизвикале сериозни проблеми за Мицкоски и раководството на партијата.

Мицкоски веднаш потоа се ставил во потрага по нов кандидат за министер за внатрешни работи, но бил одбиен од неколку луѓе со големо искуство во министерството за внатрешни работи, бидејќи истите сериозно се сомневаат во изборните резултати на 8-ми мај и знаат дека си цртаат мета на својот грб доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби изборите. Еден од оние кои одбиле да застанат на чело на МВР е и Ристо Ставревски кој за време на претходната техничка Влада беше прв човек во СВР Скопје.

Како план, Ц се наметнал познатиот адвокат Панче Тошковски кој важи за исклучително близок до Христијан Мицкоски, но и до Игор Јанушев. Сепак Тошковски има огромен багаж кој СДСМ веројатно нема да се поколебаат да го искористат против него.

Да се потсетиме дека милионски суми од „Водовод и Канализација“ или повеќе од половина од парите предвидени за адвокати завршија кај претставници на адвокатската канцеларија на адвокатот Панче Тошковски, кој истовремено е и претседател на правната и статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Тошковски истовремено е и кум на екс-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, и близок пријател на Христијан Мицкоски.

Тошковски и претходно соработувал на сличен начин со Мицкоски. На пример во времето кога сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше директор на ЕЛЕМ, Тошковски склучил неколку договори под сомннителни околности со претпријаттието.

Мицкоски како директор на ЕЛЕМ, прво склучил Договор за адвокатски и советодавни услуги со Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ, на износ од 1.600.000 денари или 25.000 евра, за период од две години.

Само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучил нов договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари односно 143.000 евра, за адвокатски услуги.

Претходно како потенцијални кандидати за минситер за внатрешни работи се споменуваа и имињата на Игор Јанушев, но и на Драган Ковачки. Мицкоски како што дознава Инфомакс се откажал од Јанушев поради големиот број скандали кои се поврзуваат со неговото име, а за Ковачки постојат сериозни индиции дека соработувал со странска држава за време на неговата служба во АРМ. Ковачки исто како и Чулев не може да добие НАТО сертификат пради соработка со трети држави.

Како најсигурна опција во позадина секогаш се споменува името на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој му остана верен на Мицкоски во целиот изминат период. Токму Николоски е последниот и најверојатниот избор на Христијан Мицкоски за нов технички министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…