Седницата ќе доцни поради дефект на електрониката
Собранието не може да ја започне 88. седница поради проблеми со електрониката. Екипите веќе работат на остранување на дефектот, соопштија од кацеларијата на Генералниот секретар на Собранието.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието, посочуваат дека за почетокот ќе информираат во текот на денешниот ден, откако ќе бидат отстранети техничките проблеми.
Седницата првично беше закажана за 11 часот, па одложена за 13 часот, а засега не се знае кога ќе почне.
Во текот на денот дневниот ред на 88. седница постојано се дополнуваше со нови точки. На дневен ред на оваа седница, меѓу останати, се и измени и дополнувања на закони, како дел од меркита за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…