Седум лица се затруле со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро

t

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор.

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 19:55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

-Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…

12 деца се затруле во градинка во…

Вработени во подрачната единица на Центарот за…

Ново труење во фабриката „Магна“ во Србија:…

Нова група од 57 работници на фабриката…

Седум лица се затруле со хлор во…

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија…

Нов случај на труење со газиран пијалок,…

Нов случај на труење со газиран пијалок…