Седум начини како може да заработите преку интернет
Со развојот на технологија практично се „создадоа“ нови професии и нови работни места, па така многу луѓе сега може да заработуваат работејќи од дома. Со светската пандемија Ковид-19 ова стана „нова нормалност“, па така многу компании своите работни обврски ги префрлија онлајн, а нивните вработени почнаа да работат од својот дом.
1. Продажба преку интернет
Многу луѓе одлучуваат да ги пласираат нивните производи на интернет и така да стигнат до крајните потрошувачи. Ова е нов начин на работа и можете секаде да работите од вашиот мобилен телефон или од вашиот лаптоп без разлика на околностите, потребен ви е само интернет.
2. Пополнување анкети
Постојат страници на интернет кои на дневна база на своите корисници прикажуваат анкети кои треба да ги исполнат. Анкетите се на англиски јазик и опфаќаат различни теми. По секоја пополнета анкета, корисникот добива бодови а истите може да ги искористи на разни места како Amazon, Microsoft Store, а може директно да добие исплата и на сметка на PayPal. За оваа работа многу компании бараат да имате седиште во Америка, но многумина наоѓаат начин тоа да го прават и од тука.
3. Пишување статии и текстови
За да се стигне до интернет заработка има различни платформи кои бараат одредени квалификации за соодветната работа. Некои луѓе бараат вработени кои ќе пишуваат статии и текстови на веб страници и истите добиваат солидна заработка. Меѓутоа, за пишување колумни, статии, текстови за странска страница, треба и одлично познавање на англискиот јазик. Истражувате одредени теми, а потоа детално ги анализирате и пишувате за нив. Според искуствата на многумина, има одлични заработки. Работата од дома, популарно позната како „freelance“ може да ја работите на страници како: Problogger, BloggingPro, AllFreelanceWriting, Contena, Reddit Hire, Writer, Reddit Writing Opportunities, CloudPeeps, UpWork, Freelancer, Toptal, Guru, PeoplePerHour, iFreelance, SimplyHired, Fiverr.
4. Графички дизајн
Ако имате креативност за цртање, креација, дизајн или слично, тогаш графички дизајнер е идеалната професија за вас. Овде спаѓаат активности како дизајн на лого, илустрација, дизајн на веб страници, огласи, реклами и слично. Има широк дијапозон на дејности кои може да се работат со ова, а првенствено треба да знаете да ги работите следниве две програми: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator. Платформите на кои може да се работи ова се истите како и погоре кои се наменети за пишување статии и текстови.
5. Едитирање видеа
Со се поголемото учество на социјалните мрежи и медиумите околу нас, се попопуларни стануваат и ваквите професии кои бараат едитирање на видеа. Оваа „професија“ ја бараат компаниите кои прават содржина првенствено за на Јутуб. За да ја научите оваа програма треба доста време, но заработките се навистина големи. Апликации на кои може да се работи со оваа вештина се: Fiverr, CloudPeeps, UpWork, Freelancer, Toptal, Guru, PeoplePerHour, iFreelance, SimplyHired.
6. Програмирање
Општо е познато дека во денешно време една од најплатените професии е програмирањето. Самиот процес на прорамирање се базира на големо предзнаење, но што постручно сте во она кое го правите толку се повисоки и заработките. Основите на програмирањето може да се научат отприлика за 12 месеци преку курсеви на страници како Udemy, Coursera, CodeAcademy и CodeCollege. Работа за ова може да се најде на горенаведените страници како CloudPeeps, UpWork, Freelancer и други.
7. Тргнување со акции и криптовалути
Финансиите „еволуираат“ со текот на времето. Така, земаат замав и криптовалутите кои веќе се актуелни и за акционерите и брокерите. Тука станува збор за пасивна заработка. Кај криптовалутите може да се тргува преку апликации како Binance и cex.io, а за да се стигне до заработка мора убаво се истражи пазарот и да се следат популарно наречените „chart-ови“.
За разлика од криптовалутите, акциите од „реалните компании“ се исто така многу интересни за брокерите. Тука имате увид во компанијата, а акциите може да се тргуваат на дневно ниво или да се чуваат парите во компаниите со цел поголема заработка. Тука има ризик меѓутоа и шанси за голема заработка.
Кога станува збор за акции со текот на годините станува интересна и македонската берза, а во последно време македонската берза констатно расте и фирмите бележат добивки, акционерите солидни дивиденди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…
Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…
Носталгично: Интернет Експлорер официјално во пензија
Од 15 јуни, Мајкрософт ќе престане да…
Зошто треба да почнете да возите велосипед…
Ако сакате да живеете подолго и да…
Женствените Русинки го предомислија „OnlyFans“ па им…
По економските санкции во Русија поради инвазијата…
Домашните агро-производители наскоро ќе ги пласираат своите…
Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите…