Секоја држава може да стане членка на БРИКС, но под еден услов
Земјите кои сакаат да се приклучат на БРИКС тоа можат да го направат под еден услов – не смеат да воведат санкции против земјите кои се членки на организацијата, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков и нагласи дека тоа можат да бидат и западни земји, но дека тие мора да се откажат од таквата политика на санкции.
„Еден од најважните параметри и критериуми во таа сфера се однесува на неупотребата на незаконски санкции од страна на потенцијален член на БРИКС против која било од членките на асоцијацијата“, рече тој на прес-конференција во Јоханесбург по самитот на БРИКС.
Рјабков нагласи дека сите земји кои биле поканети да влезат во БРИКС се во согласност со тие критериуми.
Да потсетиме дека Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Иран, Аргентина, Египет и Етиопија се официјално поканети да се приклучат на БРИКС.
Овие шест земји ќе станат членки на организацијата на 1 јули 2024 година, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Сто проценти царинa за земјите од…
„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат…
Победата на Трамп ги замрси сметките на…
Новиот американски претседател Доналд Трамп ќе биде…
Додик најавува финансирање на Република Српска преку…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го…
Куба стана земја-партнер на БРИКС
Куба се приклучи на блокот БРИКС како…
Орбан за БРИКС: Тоа е самит на…
Самитот на БРИКС во Казан беше самит…