Секоја чест за полицијата: Бугарскиот провокатор Стојанов вратен назад на граница – претставува закана за националната безбедност на Македонија!

t

На бугарскиот провокатор Виктор Стојанов кој редовно упатува навреди кон македонскиот народ и провоцира етничко нетрпение помеѓу Македонците и Бугарите не му бил дозволен влез во Македонија дознава Инфомакс.

Неофицијално, Стојанов преставува опасност за националната безбедност на Република Македонија и поради тоа не може да му се дозволи влез во државата.

Да се потсетиме дека на прославата на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црвката Свети Спас, токму Стојанов се закани со физички напад врз новинарската екипа на Инфомакс. Ваквото однесување на странски државјанин е неприфатливо во секоја Европска држава.

Тој му се закануваше на новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски и на репортерот Борислав Стоилковиќ со физичка пресметка откако од него беше побарано да направиме интервју и да ги каже своите ставови по однос на македонско-бугарскиот спор.

Дополнително при последната посета на Скопје пред гробот на Делчев тој го разви бугарското знаме.

Стојанов за бугарската БТВ се пожали дека не му бил дозволен влез во Македонија.

-„Шест часа, до 02:30 часот, бев задржан на граничниот пункт и не ми беше дозволен влез во Македонија. Ми ја зедоа личната карта. Ми дадоа документ дека сум закана за националната безбедност на Македонија и не ми дозволија да влезам“, изјави претседателот на Фондацијата Македонија, Виктор Стојанов.

Но понатаму во интервјуто тој ги открива деталите и што носел со себе, памфлети и пропаганден материја на кој Делчев е прикажан како Бугарин знаејќи дека ваквото однесување може да доведе до конфликт.

-Од нив се земени брошурите за Гоце Делчев со протокол, на кој е неговиот лик со цитат „Што да правиме кога сме Бугари?“ “, рече претседателот на Фондацијата Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

Еве зошто Мицкоски и Владата не смееа…

Експерт откирва, Вјоса Османи ги прекршила сите…

(Видео) Пожарот кај Негорци е ставен под…

Пожарот кај Негорци е ставен под целосна…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…