Секоја чест за Супорт Кочани: Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

t

„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма, додека транспортот бил овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС.

„Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за логистичкиот дел и за помалку од 24 часа овозможија донацијата да стигне до нас“, велат од „Супорт Кочани“.

Се додава дека донацијата е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме – од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секоја чест за Супорт Кочани: Во Кочани…

„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски…

ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР…

ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР…

Дали на светот му се заканува нафтена…

Воениот судир меѓу Иран и Израел доведе…

Нема веќе молк: Кочани на нозе, свирежи…

Улиците на Кочани беа сведоци на марш…

Макрон: Иран никогаш не смее да добие…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска дека телефонски…