Објавено на:

Секоја чест: Стефан Ристовски финансиски го помогна матичниот клуб Вардар

t

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски направи голем гест и финансиски му помогна на фудбалскиот клуб Вардар кој се бори за влез во ПМФЛ и покрај целата криза која го тресе подолг рок.

Играчите и стручниот штаб 12 месеци се без плата од новиот раководител Слободан Крстевски, па помош е добредојдена од секоја искрена страна. Стефан Ристовски реши да помогне на финансиски план, потврдија од клубот.

„Фудбалскиот клуб Вардар јавно искажува благодарност до капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Вардаровото дете Стефан Ристовски за несебичната помош и поддршка за својот матичен клуб, благодарение на која експедицијата на Вардар ќе замине во карантин пред претстојниот важен натпревар во недела каде во мир и соодветни услови ќе се подготвува за предизвикот кој ги очекува“, истакнаа од ФК Вардар.

Вардар следниот натпревар го игра во Охрид против Воска Спорт, а овој дуел може да даде многу одговори околу дилемите за борбата за највисок пласман во ВМФЛ. Стефан Ристовски моментално е во Загреб каде го продолжи договорот со Динамо, а Вардар му беше отскочна даска за богатата кариера.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем помор на риба во Вардар кај…

Голем помор на риба и останатиот жив…

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…

Шпанскиот репрезентативец Jамал ​ стана најмладиот стрелец…

Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…

Англија прва, Данска и Словенија без победа…

Англија со една победа, Данска и Словенија…

Човечко тело извлечено од вода на вливот…

ЦУК: Човечко тело е извлечено од надојдената…