Објавено на:

Секој ден различно: Борел вели дека ЕУ засега не разговара за прекин на испорака на рускиот гас

t

Во моментов ЕУ не разговара за прашањето за прекин на испораката на гас од Русија, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел.

„Затворањето на вентилот за гас во моментов не се разговара со Русија“, изјави Борел за шпанското радио.

Според него, нафтениот пазар е глобален, а „гасот е уште еден проблем“.

„Гасот не е само енергетски производ. Гасот не може да се замени со нешто во петрохемиската индустрија“, рече тој. Борел напомена дека мора да се биде внимателен по ова прашање, бидејќи има цели сектори од европската петрохемиска индустрија кои не можат да функционираат без гас.
Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕК, во рамките на новиот, шести пакет санкции против Русија, ќе предложи фазна забрана за целиот увоз на руска нафта во ЕУ.

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, истакна дека Кремљ ја следи дискусијата за ова прашање и дека се разгледуваат различни опции, но дека генерално санкциите се „оружја со две острици“ – се обидува да ни наштетуваат, и тие треба да платат цена“, пренесува РИА Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Највисокиот дипломат на ЕУ го критикува Израел…

Западен Ерусалим покажа „ужасен недостаток на дистинкција“…

Катар: Израел и „Хамас“ се сè поблиску…

Можен договор меѓу Израел и Хамас, тврди…

Борел: Мора да изградиме држава за Палестинците

На денешното заседание на Советот за надворешни…

Борел: Нема на повидок победа на Украина…

Имаме многу проблеми кои ќе бидат тест…

Борел и Јоурова: Новинарите се клучот во…

Во овие тешки времиња, проследени со војни,…